АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Во организација на општина Охрид прв Меморијален боксерски турнир „Алексо Огненовски“

Вечерва започна првиот Меморијален боксерски турнир „Алексо Огненовски“. Турнирот се одржува улица „Кеј Македонија“ каде се постави специјален ринг.
За мене лично претставува големо задоволство отворањето на турнирот кој е посветен на големиот спортски учител и педагог, родоначалник на боксот во Охрид, незаборавниот Алексо Огненовски. Племенитата вештина во Охрид, ја донесе човекот кој беше племенита и благородна душа. Верувам дека нема охриѓанец, кој што барем малку се бавел со било кој спорт, а да не го знае името на „Алексо боксерот“, како што беше познат меѓу охирѓани, легендарниот спортски работник Алексо Огненовски.
Упатувам искрени честитки до Боксерскиот клуб кој го носи неговото име и за вложениот напор за организација на ваков меѓународен натпревар, кој верувам дека од година во година ќе расте и ќе преставува уште една значајна манифестација во севкупната понуда на Охрид.
Покровител на турнирот е Општина Охрид.
-напиша во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.