понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Приведена охриѓанка барана со потерница

Полицијата синоќа во скопското село Катланово лиши од слобода лице  на (25) години од село во Охридско, барана со потерница за сторено кривично дело „тешка кражба“.

– На 26 август во 21:40 часот во село Катланово, Скопско, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода (25) годишната од село во Охридско. За неа била распишана централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд – Охрид за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Таа ќе биде предадена на надлежната казнено-поправна установа.