АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Бигорски Манастир со соопштение по повод Празникот на Пресвета Богородица

Ве известуваме дека на денот кога го славиме сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во свештената Бигорска обител ќе се отслужи сеноќно бдение, со Света Архијерејска Литургија, коешто ќе започне во сабота, на 27 август 2022, во 21:00 часот.

Во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии.

Благослов да присуствуваат на бдението имаат сите оние кои молитвено сакаат да го прослават Успението на Мајката Божја.

 

Бигорски манастир