Наш ИзборНаш изборОхрид

Левица: Поднесени 80 амандмани против продажбата на Мауцкер

Советникот на Левица во Советот на Општина Охрид, Виолета Аврамоска, денес поднесе 82 амандмани до Претседателот на Совет на Општина Охрид, Сашо Донев.

Амандманите се однесуваат на Предлог- точката со која предвидува продажба на државно земјиште по 70 ден. за метар квадратен, во месноста Мауцкер, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Во истото од партијата додаваат:

Апелираме до градоначалникот Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид да се откажи од оваа погубна идеја, со која неповратно се оттуѓува општински имот и се отвора можност за коруптивни зделки, од кои повторно ќе профитираат неколку поединци.

Советникот на Левица ќе ги искористи сите законски механизми со цел да се спречи продажбата на Мауцкер, за интересите на бизнис-елитата и профитерите, велат од Левица.

извор: Левица ЛО Охрид