АктуелноОхрид

Пецаков: Започнавме со подготовките за Охридскиот пливачки маратон

Започнавме со подготовките за овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон.
За таа цел денеска во просториите на Општина Охрид имав координативен состанок со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, претставници на Локалната самоуправа, претставници на охридските пливачки клубови и претставници од пливачката федерација на Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

На состанокот се разговараше околу прецизирање, распределба на обврските и за формирање на организационен одбор со цел успешна организација на Охридскиот пливачки маратон.
Уште еднаш ја истакнав важноста за Охрид и охриѓани од одржувањето на маратонот и ја потенцирав силната поддршка што Локалната самоуправа ја дава за успешно издание на Охридскиот пливачки маратон.
Побарав од сите инволвирани во организација на маратон сериозно и максимално да се посветат со цел да имаме беспрекорно издание.

извор: ФБ Кирил Пецаков