Денес во просториите на спортската сала Билјанини извори беше одржана прес конференција по повод утрешниот прв меморијален турнир “Крсте Андоновски – Усташ”
„Да искажам голема благодарност до раководството на клубот Охрид кој го организира овој турнир во чест на мојот дедо кој остави голем белег во македонскиот ракомет. Беше тренер на многу македонски екипи и селектор на репрезентации. Што се однесува до турнирот, добредојдени ќе ни се овие натпревари за воигрување на екипата, сите ривали се квалитетни, и се надевам дека во иднина овој турнир ќе прерасне во традиција“, изјави Крсте Андоновски, капитенот на Охрид.











