Се позачестените врнежи од дожд преиодов прават голема штета како на надворешната површина од земјата во смисла на поплави, така и во мешање на подземните води.
Со своја реакција се јави и Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид кои апелираат за итно одвојување на феканата од атмосферската вода бидејќи истата се влева во плодните насадени површини чии плодови завршуваат на домашните трпези.
-При секоја временска непогода во пределот на населбата Рача се излеваат шахтите и водата оди во околните ниви од каде се собираат плодови за јадење. Жално .Никој не го слуѓа гласот на екологистите , да се одвои фекалната од атмосферската вода, се вели во ФБ објавата од ЕД „Грашница“ Охрид.
Видео тука