АктуелноОхрид

Раководството на Здружението на пензионери Охрид и Дебрца се САМОНАГРАДИЛО со уште еден едномесечен паричен надоместок

Во услови кога пензионерите како најзагрозена категорија со животен стандард, и кои едвај врзуваат крај со крај во месецот, раководството на Охридското здружение на пензионерите на последната седница на Извршниот одбор одржана деновиве, си донесле одлука за само-наградување за по уште еден дополнителен месечен паричен надоместок.

Паричниот надоместок како што дознаваме е донесен ,,божем,, како заслуга за успешна организација на региоалната фоклорна ревија одржана неодамна во ресторанот ,,Белведере“ во Билјанини извори, и за учество на Фестивалот на народни песни „Илиденски денови“ во Битола.

Сметајќи го како голем успех учеството на овие фолклорни манифестации на кои и досега настапувале фолклористите на ЗП Охрид и Дебрца, Извршниот одбор донесол одлука со која сами засебе си определиле паричен надоместок и тоа за претседателот на ЗП Охрид и Дедбрца по 15.000 денари, за секретарот 12.000 денари, за двајцата одговорни на фолкорната група по 10.000 денари, а на другите членови на Извршниот одбор од 2.000 до 3.000 денари, како и на претседателот на Надзорниот одбор. И наместо да се наградат со паричен надоместок десетината играорци и инструменталисти и спортисти, Извршниот одбор за никаков ангажман и придонес се наградиле самите себеси.

Инаку,ошто е познато дека претседателот на ЗП Охрид и Дебрца имаат редовен месечен паричен надоместок од 13.000 а секретарот 12.000 денари,не сметајќи ги предвид другите бенефиции што ги имат во парични и материјални средства и нивните пензии од 30 и 40.000 денари и двајцата полицајци во пензија.

Да потсетиме, претседателот непрекинато е 24 години прв човек на здружението, а секретарот 12 години, што е спротивно на Статутот и на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија ( СЗПМ ) и на ЗП Охрид и Дебрца. Охридското здружение брои над 11.000 страросни и семејни пензионери. На функција статутарно можат да бидат два мандати последователно 4 и 4 години.
Ваквото раскошно и непродуктивно трошење на средствата од членарината на охридските пензионери, нее прв случај низ годиниве од кога ракводат претседател и секретар на Охридското здружение.

Овој најнов пример на донесување на ваква одлука за парично самонаградување на Извршниот одбор, може да се протолкува од две причини,прво што здружението има милионски вишок на неискористени средства од членарина на пензионерите, и второ ,,подмитување,, на членовите на раководните органи во здружението во пресрет на новите избори кои престојат во јануари следната 2023 година.

автор: Крсте Спасески, член на Собрание на ЗП Охрид и Дебрца и претседател на Месен огранок на пензионери ,,Абас Емин,,и Седми ноември, Охрид, и 12 години портпарол на здружението.

фото: Архива