Засега непознато машко лице со возило со скопски регистарски ознаки и кое зборувало на скопски дијалект нападнало 40 годишна жена од Охрид.
Физичкиот напад се случил на улицата „Момчило Јорданоски“ од како претходно истиот со возило го попречил движењето на возилото во кое била Охриѓанката.
Според првичните информации Охиѓанката брзо се движела со свое возило, но Скопјанецот го попречил патот со своето возило и потоа од како ја спречил да продолжи да се движи со возилото, пришол и физички ја нападнал.
Полицијата истражува дали Охриѓанката всушност бегала од Скопјанецот и кои се причините за овој инцидент како во акционен филм.