Наш ИзборНаш изборОхрид

Десетици колограми марамчиња секој ден се вадат од канализацијата во Охрид

Екипи на ЈП НИСКОГРАДБА секојдневно вадат по десетици, а во периодот од шпицот на сезоната и по стотици влажни марамчиња од канализациониот систем во Охрид.

Утрово „Нискоградба“ по кој знае кој пат чистеше шахти на Булевар Туристичка кои практично беа запушени од количините влажни марамчиња кои се насобрале во нив.

Граѓаните со години не сватија дека со влажните марамчиња кои ги фрлаат во канализацијата прават огромни проблеми со запушување на одводниот систем кој потоа не ја апсорбира водата.