АктуелноОхрид

Охридскиот пливачки маратон веќе не е дел од програмата на ФИНА

Светската пливачка федерација (ФИНА) од оваа година ја укина маратонската дисциплина на најмалку 25 километри, поддржува само далечински трики од 10 километри.

Охридскиот пливачки маратон, како и останатите пливачки маратони од 25 километри кои беа во календарот на ФИНА, веќе не се дел од натпреварувањата на Светската пливачка федерација.

Државите, оштините или било кој може да ги организираат маратоните за да се зачува традицијата, но тие нема да имаат официјална резултатска вредност во ФИНА како што беше досега.

Тоа го потврди и поранешниот претседател на пливачката федерација, Александар Маленко во своето соопштение.

„ФИНА од годинава одлучи да нема повеќе светска серија на маратони на 25 километри маратони, а секоја држава и федерација може да си организира локална или било каква спортска пливачка манифестација без никаква официјална резултатска вредност! Постои олимписка дисциплина – 10 километри далечинско пливање, која е во официјална светска серија ФИНА и ЛЕН Европски Куп. Бујрум, направете ако ве бива официјален пливачки маратон, ама за да ви биде официјален ќе треба да аплицирате за четиригодишен договор однапред, онака како јас ставив потпис и спроведов докрај заедно со мој професионален тим“, напиша Маленко.

Поради ова ќе биде тешка мисијата да се донесат големи пливачки имиња на Охридскиот маратон. Од 25 до 27 август пливачката елита ќе биде во Канада каде ќе има трка од Светската маратонска серија на 10 километри. Што е уште еден проблем за одржување на маратонот во Охрид со квалитетни пливачи.

mkd.mk