АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Започнува фестивалот „Пображење“ во Вевчани

Денеска со целовечерен концерт насловен „Од умот се подизгубив- за едно лично“ во Вевчани започнува фестивалот на музиката, културата и радицијата „Пображење.“

Годинава по 12-ти пат се одржува овој фестивал кој е во организација на КУД „Дримкол“ Вевчани.

Покрај презентација на народната играорна култура, фестивалот дава и допринос на научно истражувачката дејност во Македонија.

На фестивалот учество ќе земат и  ликовни уметници во програмскиот дел насловен „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“, каде годинава учесник е академскиот сликар Никола Угриноски. Покровител на фестивалот е министерството за култура.