Драмскиот репертоар на годинешното 62-ро „Охридско лето“ вечерва продолжува со театарска претстава „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција: НУ Македонски народен театар – Скопје Р.С.Македонија.
Улогите ги играат: д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања – Никола Ристановски, Катарина, неговата сопруга – Звездана Ангеловска, Петра (нивната ќерка), наставничка – Дарја Ризова, Ејла, нивната средна ќерка – Јана Вељановска, Мортине, нивната најмала ќерка – Ана Арсовска, Петар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата – Благој Веселинов, Мортен Кил (потатко на Катарина), кожар – Петре Арсовски, Ховстад, уредничка на „Народен гласник“ – Сашка Димитровска, Билинг, соработник на „Народен гласник“ – Александар Михајловски, Аслаксен, сопственик на печатница – Нино Леви и Капетан Хорстер – Мартин Ѓоргоски.
Сценографијата во претставата е на Вишња Вујовиќ, а костимографијата на Ивана Каранфиловска-Угуровска.
Драмата „Народен непријател“ е наменета за целата публика.
Драмата во пет чина „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, првпат е објавена на 28 ноември 1882 година со оригинален наслов „En folkefiende“. Напишана е како одговор по јавниот скандал за неговата претходна драма – „Духови“, која ја критикува хипокризијата и моралот во општеството. „Народен непријател“ е една од најизведуваните драми од овој автор кој се смета за „татко на модерната драма“. До денес има над 1880 премиери на различни сцени низ светот: Европа, Азија, Африка, Австралија, Северна и Јужна Америка.
НУ Охридско лето