Дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” задолжени за одржување на јавната хигиена, изминатиов викенд со полни раце работа. За жал, еко-совеста кај граѓаните на најниско ниво!
Несоодветно депониран и расфрлан секаков вид кабаст и зелен отпад насекаде во градот. Сликите недолични за еден туристички центар. Екипите се сеуште на терен за да се надмине ситуацијата која ја затекнавме.
Се подигаше кабаст и зелен отпад и градежен шут по улици Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми Ноември, Егејска, Пере Тошев, Сирма Војвода, населба Даљан, Булевар Туристичка, Јордан Мијалков, АСНОМ, Галичица, Никола Карев, Марко Несторoски и други локации.
Секојдневно се интервенира и на градскиот кеј (потег градско пристаниште до Холандски парк) каде се подига разновиден тешко разградлив отпад, реса и муљ, информираат од ЈП Охридски комуналец.