Охрид

ОО СДСМ: Реакција на соопштението на ВМРО – ДПМНЕ – Охрид

Факт е дека улиците добија нов изглед од кога ДПМНЕ ја превзеде локалната власт. Навистина е така. Се согласуваме ! 🚧
Од средени улици со обележана хоризонтална сигнализација, уредени со тротоари и реконструирани, ДПМНЕ им даде НОВ изглед на улиците – и на тие од претходно реконструираните и на тие што сега ги асфалтираа, а тоа ќе го забележите во фотографиите подолу кои прикажуваат улици во Охрид во 21 век во централно подрачје со вирови и ископини за време на дожд и улици кои ги направија со шахти врз кои има асфалт !!!! 🤕
Да беше локалната самоуправа подготвена и оперативна, досега требаше да ја санира улицата АСНОМ , а не да го замајува народот дека донеле решение за враќање во првобитна состоја . А кој е рокот ? До кога ќе чека народот и ќе се дави во прашина, кал и ќе се справува со блокиран сообраќај ? Или ќе чекаме цела да се разруши ?⛔
Ако веќе си се нарекуваат одговорна локална самоуправа и ако веќе сакаа да покажат грижа за граѓаните, тогаш ќе ја санираа штетата, а потоа во соодветна постапка истата ќе ја наплаќаа и ќе бараа одговорност од тој што ја предизвика штетата … а не да ги остават граѓаните да чекаат во хаос.
За небулозите да се од уште поширок размер, тврдат дека со доаѓањето на власт обезбедиле навремено водоснабдување и поздрава вода за пиење ?! Колку е навремено водоснабдувањето сведоци се сите охриѓани секојдневно, но би сакале уште да знаеме што подразбирате под поздрава вода за пиење ?
Време е сериозно да пристапите кон решавање на проблемите од охриѓани кои веќе се наталожуваат… после скоро една година од вашето владеење, навистина време ви е !
-стои во објавата на Фб од СДСМ Охрид