Дигиталниот споменик на “Виртуелен Прличев” е подесен автоматски да се буди секое утро во 8:30 и да се исклучува во 1 часот после полноќ. Поради техниката која ја користат холографските ротациони дисплеи, каде сликата се креира во движење, скоро е невозможно споменикот да се фотографира/снима од непосредна близина. Идеално растојание е најмалку 2-3 метри и фокусот не треба да биде во делот каде се проектира ликот на поетот, информира на својата ФБ објава професорот Анис Сефиданис.