Жителите и туристите во најголемиот туристички центар Охрид цело лето имаат проблем со водоснабдувањето, а заслужуваат како и секој човек во 21 век да имаат 24 часовна можност за одржување на лична хигиена и пред се’ да го имаат основното средство за живот-ВОДАТА.



Згора на се’, секојдневно на излезот од каналот кај Едриличарското се влеваат фекалии што претставува ужасна глетка на едно од најубавите места во градот. 

Охрид е во ек на сезона… со блокирани улици, без вода, отпад на сите страни, фекалии во вода.. не се покажува совршена слика за градот!
-велат во својата објава на ФБ од ОО СДСМ Охрид.