Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП ја спроведуваат превентивната кампања „Безбедно лето 2022“. За таа цел, полициски службеници на Граничниот премин „Ќафасан“ и на повеќе локации во Охрид низ кратки едукативни разговори со возачите на моторни возила потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи како основен предуслов за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на заморот и на високите летни температури врз способноста за управување со моторно возило. Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал со корисни совети за безбедно учество во сообраќајот. Кампањата продолжува и на другите подрачја на СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
фото: СВР Охрид