АктуелноОхрид

Улицата „Димитар Влахов“ вратена во нормален сообраќаен ред

По извесен период , додека траеше реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ една од поглавните сообраќајници во Охрид , улицата „Димитар Влахов“ беше пренаменета за двонасочен сообраќај со оглед на потребата која беше наложена.

Деновиве оваа главна сообраќајница во центарот на градот е вратена во нормален сообраќаен тек, односно еднонасочен сообраќај.