четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

Отворен Меѓународниот турнир со воздушно оружје „Илинден 2022“

Чест ми е што денеска имав можност во мое лично име и од името на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид да го отворам Меѓународниот турнир со воздушно оружје ,,Илинден-2022” на стрелиштето Бејбунар.


Турнирот е дел од спортската традиција на нашиот град и дава голем придонес во неговата промоција како современ спортски центар.
Охрид може да се пофали со истакнати имиња кои имаат остварено одлични резултати во оваа спортска дисциплина, а на наша голема радост, во подем се и нови генерации на млади стрелачки таленти од кои во иднина очекуваме врвни достигнувања во Македонија и надвор од неа.
Благодарност до организаторите на турнирот кои и оваа година се потрудија да овозможат високо ниво на организација и им посакувам уште поголеми успеси во иднина.
Водени од спортскиот дух, спортистите победуваат и освојуваат награди, а ние сме секогаш тука да ги мотивираме и да ги поддржиме за уште поголеми достигнувања.


Локалната самоуправа секогаш ќе биде на страната на спортот и ќе ги поддржува спортистите и спортските клубови.
На натпреварувачите успешен натпревар и остварување одлични резултати, а до гостите покана да го искористат својот престој тука за уживање во природните и културни убавини на Охрид, напиша во својата објава на ФБ , советникот од ВМРО ДПМНе Перчо Божиновски .