петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Свето Евангелие напишано на македонски јазик, подарено во црквата Св.Архангел Михаил во с.Пустец

Покрај вчерашното патување до манастирт посветен на Светата Марина во селото Туминец, Мала Преспа, дополнително беше посетена и преубавата црква посветена на Св.Архангел Михаил во с.Пустец.

Притоа како што претходно информиравем се собираа средства за да се купи Свето Евангелие за оваа црква, па мисијата е реализирана, Отец Ристе во текот на вчерашната средба му го врачи Светото Евангелие кое е напишано на мајчин македонски јазик на свештенослужителите од оваа црква.

-На овој ден од името на верниците од нашата парохија, како скромен допринос за црквата Св.Архангел Михаил с.Пустец подаривме едно Свето Евангелие напишано на наш мајчин македонски јазик во позлатен оков. исто така се потрудивме да им подариме по еден мал скромен подарок на отците Алекс Темелко и Арѓир Ропи за нивната пожртвувана мисија за одржување и зачувување на нашата Православна Вера отаде границата.На пријатно и изненадување сенародната прослава ја збогативме со учество на дел од нашиот детски хор каде што беа присутни 25 дечиња кои што се потрудија да ни испеат неколку песни со црковно-народна содржина,по што со громогласни аплаузи и сеопшто воодушевување беа наградени од многубројните присутни.По сите овие настани си се вративме дома молитвено нахранети и духовно зацврстени здрави и живи.Голема благодарност кон сестра Нада Циркоска која со нас беше со една група од нивното здружение Вешта жена од Струга за нивниот допринос за успешно реализираното поклоничко патување.На Многаја Лета, истакува Отец Ристе од вранишката Парохија.