АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Реализирано уште едно патување на верниците од вранишката парохија во с.Туминец Мала Преспа

По повод праникот посветен на Огнена Марија, беше остварено патување во селото Туминец , Мала Преспа каде се наоѓа манастир посветен на оваа светителка.

Заедничко молитвено патување се реализираше во текот на вчерашниот ден со  учество со верниците од Вранишката парохија предводени од нашиот отец Ристе Наумоски по што се оствари  посета на црквата Св.Архангел Михаил во с.Пустец.

-По завршувањето на Светата Литургија во манастирот Св Марина во која што зедовме и ние учество со нашите певци, молитвено бевме удостиени односно водосветот и благословувањето и режењето на празнични колачи да биде извршено од страна на нашиот отец Ристе, информираат од вранишката Парохија.