АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Чудо на природата, стариот чинар како недопрен, а оревот спроти него речиси без лисја по невремето

Долгогодишниот белег на Охрид, стариот чинар кој се наоѓа на плошатдот ,,Крушевска Република“ по вчерашното невреме е речиси како недопрен. Тој издржал и е сведок на многубројни невремиња па дури можеби и поголеми како тоа вчера.

По се изгледа му годеше освежувањето од вчерашниот дожд па се чини како да е уште поубав.

За разлика пак оревот кој се наоѓа наспроти него, пред самиот влез на пазарот во Охрид, кој држи голема ладовина и под него се пие чај и кафе, е речиси без лисја. Големото невреме како да му ги попадна и оштети сите негови лисја.

 

ohrid1