АктуелноОхрид

ИЦС Системи ги поправи дефектите по невремето во Охрид

Екипи на ИЦС Стеми експресно излегоја на терен по невремето во Охрид.  Директорот Гоце Митрески за Охрид 1 вели дека за среќа немаа голема штета во уличното осветлување. Тој додава дека интервенирале на паднат столб на кеј Македонија, како и на една светилка на  улицата Карпош Војвода.

„Двата проблеми се веднаш отстранети и осветлувањето е пуштено“ , вели Митрески за Охрид 1.

ИЦС Стеми е фирмата која е задолжена за јавното осветлување во Охрид. Тие се секојдневно на терен и редовно ја вршат својата обврска околу сервисирање на уличното осветлување

БОНУС ВИДЕО – Како изгледаа охридските улици снимени од автомобил во возење во време на невремето:

.

извор: Охрид 1

фото: Охрид 1