АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Богата музичка програма на овогодинешното издание на фестивалот „Охрид колинг“

Од 29-ти јули до 1-ви август на локацијата во поранешната касарна ќе се одржи шестото издание на фестивалот „Охрид колинг“. На фестивалот е најавена богата музичка програма со настап на неколку врвни светски ѕвезди од електронската музика или вкупно 22 артисти.
На мое големо задоволство, Охрид и оваа летна сезона е еден од најатрактивните центри во регионот, кој може да се пофали со музичка забава и концертни настани од светски ранг. За овој епитет голема заслуга имаат докажаните професионалци од „Авалон продукција“, како главни креатори на фестивалскиот бренд „Охрид Колинг“, кој ги носи во Охрид најпознатите ѕвезди од електронската музика.
Со организирањето на овој фестивал, Охрид зазема препознатливо место на мапата на музички настани и привлекува бројна публика од цела Европа.
Четиридневното случување, значително ја збогатува и туристичката понуда за гостите и туристите кои веќе летуваат тука.
Сметам дека оваа современа фестивалска приказна треба да продолжи да живее и да се надградува и затоа Општина Охрид го поддржува настанот отстапувајќи ја инфрструктурата.
Помеѓу артистите кои ќе настапат се Timmy Trumpet, кој е меѓу топ 10 ди-џеи за 2022 година, но интересно е што тој има премиера на Балканот. Во понеделник е неговиот настап. Првиот ден е настап на Lost Frequnecies. Во сабота е Vini Viki. Во недела се W&W кој се пионери во краут контроли и некои други работи кои ја одбележуваат оваа музичка сцена. Диџеи од цел свет, од Австралија, Јапонија, Холандија, Германија, Македонија, доаѓаат во Охрид
-информира во својата објава на ФБ градоначалникот Пецаков.