Денес по завршувањето на Светата Литургија имав посебно задоволство да им се заблагодарам на младите парохијанчиња кој со одредени родители ми приредија многу големо изненадување.
Имено се потрудиле да изработат прекрасен дар односно дрво кое што го засадив со нив, дрво многу разгрането полно со ливчиња, а на секое ливче има име од сите најмали и најредовни дечиња со кои веќе подолго време се воцрковуваме.И замислете изработиле заедничка фотографија од нашето црковно семејство при шт не заборавиле да ми упатат благодарност за досега заеднички постигнатото.
Овој дар ми е најголем во моето досегашно 24-ри годишно службување,дар кој има посебна тежина зошто е подарен од чисти и безгрешни срца кои што имаат само и само љубов.Уште еднаш мили најмили мои дечиња,мое семејство во Христа Бога,премногу сум ви благодарен за вашата искрена љубов кон мене и ве уверувам дека заедно ќе продолжиме да се развиваме во прекрасни личности кои што ќе знаат само за убави Богоугодни дела.Умножиго Господи нашето стадо сега и секогаш и во вечни векови.На Многаја лета.
-истакна во својата објава на ФБ отец Ристе Наумоски.