На 24.07.2022 година во 03.50 часот во СВР Охрид приведени се Н.С.(37) и Д.П.(41), двајцата од Скопје. Тие, претходно, на булеварот „Туристичка“ во Охрид агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид