АктуелноОхрид

(ФОТО) Мета го одликува Мерко со титулата „ВИТЕЗ ОРДЕН СКЕНДЕРБЕГ“

Албанскиот претседател Илир Мета го одликува градоначалникот на општина Струга Рамис Мерко со титулата „ВИТЕЗ ОРДЕН СКЕНДЕРБЕГ“ .  Титулата „Витез од редот на Скендербег“ му беше врачена денеска во претседателскиот кабинет во Тирана, од страна на албанскиот претседател Илир Мета.


Така, Рамиз Мерко станува првиот Албанец од Северна Македонија кој се закити со оваа титула.
Оваа титула на градоначалникот на Струга му се доделува со мотивација: „Во знак на благодарност за неговата истакната политичка, општествена и просветна дејност, особено на полето на зачувувањето и развојот на албанскиот јазик и култура, во Република Македонија.

Со благодарност за неговиот исклучителен сеопфатен придонес во корист на меѓуетничкиот соживот, формирањето на државата и прекуграничната соработка, како и зајакнувањето на односите меѓу Северна Македонија и Албанија.

 

извор: strugalajm.org

фото:strugalajm.org