АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Апел до мештаните и посетителите во Љубаништа да го фрлаат отпадот на соодветно место

Општина Охрид упатува апел до мештаните и туристите во  село Љубаништа во иднина да поводат поголема грижа за јавната чистота и повеќе да не го фрлаат комуналниот отпад на јавни површини и со тоа да прават диви мини депонии. Отпадот  да го фрлаат во контејнерите кои уредно се поставени на површина предвидена  за таа намена,а чиј број периодов е зголемен од два на пет. Во спротивно,  доколку  надлежните инспекциски служби  и во иднина утврдат  фрлање отпад на несоодветно место сторителите ќе бидат казнети  согласно Законот.

Од фотографиите  на надлежните инспектори може да се констатира човечката некултура, празни контејнери и направени мини депонии околу нив  од месното население и гостите во селото Љубаништа.

 

општина Охрид