АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Донаторска акција за потребите на црквата Св.Архангел Михаил во с.Пустец

Нова акција за Донација
Почитувани благочестиви и богољубиви браќа и сестри во Христа Бога. До сега успешно сме организирале односно реализирале неколку донаторски акции во склоп на Вранишката парохија со учество и на другите верници од Струга и струшко.
Овој пат на молба од многу почитуваниот отец Алекс Темелко од Мала Преспа во Р.Албанија организираме донаторска акција за прибирање на парични средства за купување на еден оков со Македонско Свето Евангелие и една кадилница за потребите на Црквата Св.Архангел Михаил во с.Пустец.
Вкупната сума која што треба да ја собереме,а заедно можеме изнесува 33.000 денари или 550евра.Кој сака односно е во можност може да донира кај нашиот црковен благајник братот Горан Мацески или на следнава ж-сметка: црква Св.Никола с.Враништа 250-0203023002-Шпаркасе Банка со назнака за донаторската акција за црквата во с.Пустец.
Хуманоста не е одлика на духовно сиромашните.Хуманоста ја отсликува големината на еден човек.Таа е најчовечната особина,за секој поединец.Заедно со Божја воља се надеваме на успешна реализација.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.