АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Ѓубрето од Waikiki ,,уредно,, оставено на тротоарот

По завршената работа и наместената роба за продажба во продавницата на овој голем бренд, ѓубрето е оставено пред нивната продавница. Поточно губрето е ,,уредно,, оставено точно до пешачката патека да неможат пешаците да пристапат и поминат на обележаниот пешаки премин.

Всушност, граѓаните треба буквално да прескокнуваат преку ѓубрето од Waikiki за да стапнат на тротарот.

Во неколку наврати Локалната самоуправа има пуштано инспекции и добивале опомени, но досега не се  изречени казни и затоа ѓубрето го оставаат на тротоарот, да им го собери некој друг.