АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Редовни активности во ПШС Галичица-Охрид

Во секоја ШСЕ по потреба се пробива шумски пат во зависност од Годишниот план на подружницата, а во согласност со десет годишната важност на истата.
Според предвидената планска динамика во Програмата за работа за тековната година, во подружницата Галичица, во ШСЕ Мазатар во оддел 14а, се работи на пробивање и изградба на шумско камионски пат со сопствена механизација.
Шумските патишта се патишта во кои се вклучени и другите патни инфраструктури кои се долж нивните правци и првенствено се наменети за одгледување, користење и превоз на дрвните сортименти. Планираните и изградени патишта во шума се согласно ППСШ, наменети се за превоз на шумски производи и ги користат субјектите кои стопанисуваат со шумите. Во текот на календарската година во секоја подружница, се врши пробивање, реконструкција и прочистување на веќе посточките шумски патишта, а во оваа ШСЕ се користат за превоз на техничко и огревно дрво согласно склучените купопродажни договори.
-информираат од ЈП Национални шуми.