АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Продолжува санацијата на одронот на АСНОМ – ќе се работи се додека граѓаните не добијат вода

При вршење на ископ за изградба на станбен објект од страна на градежна компанија на улицата “Асном”, попладнево настана  дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка со голем профил ф 350 мм. Од ЈП Водовод веднаш излегоја на терен по што соопштија дека поради комплексноста на целата операција односно непристапен терен за работа, прекинот во водоснабдувањето може да потрае повеќе часа, а за целосната санација и враќањето во првобитна положба ќе бидат потребни и неколку дена. .

Во моментов без вода се  корисниците од улиците: “Асном” , “Никола Карев”, “Галичица”, “Мирче Ацев”, “Карпош Војвода”, “Ванчо Питошески” и дел од Бул.Туристичка. ЈП Водовод информира дека прекини во водоснабдувањето ќе има и во наредните неколку дена, но од ЈП се категорични дека ќе се работи нон стоп се до целосно завршување со санацијата.

видео: Охрид 1