АктуелноОхрид

Пецаков и Донев со сопругите на отворањето на Охридско лето

Синоќа присуствував на свеченото отворање на 62. издание на најреномираната музичко сценска манифестација „Охридско Лето“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

На отворањето на фестивалот на Античкиот театар во Охрид настапија светски познатите тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини. Италијанските уметници настапија под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Македонската опера и балет.
Од денеска до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Предворје на црквата Света Софија, во црквата Света Софија и во Центарот за култура, ќе настапат над 1000 уметници од 25 земји ширум светот.