Еве што правеше ЈП Охридски Комуналец на Антички театар во Охрид од како нашата “елита” вчера гледаше свечено отворање на престижниот културно сценски фестивал со светско реноме Охридско Лето.
Но, дури и при ваква „елита“ каква што е денешнава, „Охридско Лето“ си е „Охридско Лето“. Фестивал кој повеќе од 60 години го воздига Охрид на светската културна мапа и го бели образот на Охрид и Македонија како лулки на културата и просветата.
Честитки до „Охридски Комуналец“ што при ваква „елита“ го чува Охрид чист, и секако честитки до „Охридско Лето“ кои и при ваква македонска „елита“ успеваат да направи светски фестивал.