АктуелноОхрид

Полицијата пронајде пиштол и куршуми кај жител на Велешта во угостителски објект во Охрид

На 10-ти јули 2022 година, во 00:15 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода 30-годишен жител од струшкото село Велешта.

– При преглед извршен во угостителски објект во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Екол“ и два куршуми калибар 6,35 милиметри. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид