Top NewsАктуелноглавни-вести

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ е последна која треба да зборува за туризмот бидејќи го уништи !

Со рекација на соопштението на СДСМ се јави ВМРО ДПМНЕ.
Реакцијата ја пренесуваме во целост:
СДСМ Охрид се нервозни и исфрустрирани затоа што промените во Охрид се видливи со градоначалникот Д-р Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ.
Општина Охрид заврши со сите градежни активности, а Кристина Крлеска-Деспотоска наместо неиздржано да го напаѓа Градоначалникот, нека се обрати до Министерството за транспорт и врски, кое е нарачател на градежните активности, да ги притисне изведувачите да завршат во рокот и секако до нивните пратеници во Собранието на Македонија како дел од централната власт.
Вашата лицемерна загриженост за туристичката сезона и „менаџерските способности“ се гледаат од тоа дека досега требаше да го завршите автопатот Кичево-Охрид.
Заврши времето кога Охрид тонеше во безизлез и кога дивееше урбаната мафија.
СДСМ нема право да зборува за туристичка сезона затоа што направија ненадоместливи штети за туризмот, за угостителите и охриѓани кои живеат од туризмот и угостителството.
Охрид и туристите веќе го забележуваат новиот однос на Локалната самоуправа кој се одликува со работа и решавање на проблемите на граѓаните.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид