Од 11 до 22 јули секој работен ден од понеделник до петок од 9 наутро до 12.00 напладне.
Летен саем на книгата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид .
Книги од едицијата 130 тома Македонска книжевност за само 157 денари по примерок.
Збогатете ја Вашата библиотека, купете книга за подарок – читајте на плажа!
Посочете им ја на странците македонската книжевност во 130 тома преведена на англиски по 473 денари од примерок.
Ќе ви понудиме и книги од едицијата Ѕвездите на светската книжевност по пристапни цени .
На една од терасите на Библиотеката ќе ве чека Летен саем на книгата во ладовина .
Библиотека Охрид