АктуелноОхрид

“ОХРИД ОПЕН 2022” – Таеквондо ИТФ меѓународен натпревар по највисоки стандарди

Викендов  25 јуни 2022 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ”  Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираше меѓународниот    Таеквон-до ИТФ турнир  “ ОХРИД ОПЕН 2022”  на кој зедоја учество над 210 натпреварувачи од 31 клуб од Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија,Албанија , Грција и Македонија. Можеме да се пофалиме дека беа дојдени најдобрите натпреварувачи од сите клубови , се натпреваруваа во две дисциплини форми и борби,при што имавме можност да гледаме врвни борби и техники на овај натпревар.

Изразувам најголема  благодарност на нашиот генерален спонзор        “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен што стигнавме до овај степен да можеме да организираме  турнир од ваков калибар, а воедно и најазслужен за одличната организација  на истиот турнир,истотака  огромна благодарност до “Општината Охрид’  што несебично ни помогна да го организираме овај турнир.

Истотака благодарност на сите  што помогнаа во учество на овај турнир родители, роднини, пријатели итн, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на клубот, претседател на Македонската ИТФ , поранешен светски вицешампион Прага’96.

Организацијата беше на највисоко ниво иако искуството не е многу на наша страна,направивме турнир што ретко  некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Овај натпревар го  организиравме по сите највисоки светски ИТФ  стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен  г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите  податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство  помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот.

За најдобари клубови  на натпреварот  беа избрани

1 место:   Тајгер тим од Перник

2 место:   Тервел 2006 од Севлиево

3 место:   Тонг Ил од Нови Сад

Нашиот клуб настапи со 44 натпреварувачи, за дел од нив беше прв натпревар , за некои прв медал , што ни прави посебно задоволство  дека имаме веќе нови генерации кои се спремни и физички и психички за да ги бранат боите на нашиот клуб во иднина. Нашите натпреварувачи вкупно осовија   51  медали, од кои 8 златни,  15 сребрени и 28 бронзени , со што бевме најтрофеен клуб на натпреварот.

 

Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид