На 25.06.2022 година во 00.25 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода 38 годишен жител од Охрид. Тој претходно во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.06.2022 година во 18.20 часот во СВР Охрид лишен е од слобода 56 годишен жител од Охрид кој претходно, во семјниот дом во Охрид, физички ги нападнал сопругата и нивната ќерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид
фото: Архива