Денеска на ден 19.06. Недела на сите Светии, во манастирот посветен на Вознесението Христово – Свети Спас во Охридското село Горно Лакочереј беше отслужена света Литургија.
Причина за посета на овој преубав манастир во ДКЕ е почнувањето на првите летните едукативни активности при Вранишката парохија со најмладите нејзини членови.
По завршувањето на Светата Литургија сите членови на црковното Хорче беа наградени со Признанија и ланчиња со Крсте,а за најдобрите тројца беше подарена и библија за млади.Потоа преминавме на одигрување на спортски натпревари во неколку дисциплини, победниците беа соодветно наградени.
Особена БЛАГОДАРНОСТ до старешината на манастирот отец Никола Христоски кој ни даде дозвола за Богослужење и до митрополитот г. Тимотеј.
Исто така им се заблагодарувам на членовите од Црковниот Одбор во с.Враништа, на родителите и на сите помагатели.
Лесни и богоугодни пости.
На многаја лета со Божји благослов отец Ристе Наумоски.