АктуелноОхрид

Отворена јубилејната изложба на Блаже Докуле во куќата на Робевци

Во организација на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, во галеријата „Кука на Робевци”, беше отворена јубилејната самостојна изложба на Блаже Докуле насловена „Половина век современа карикатура”.

Во присуство на почитувачите на делото на Докуле и на вqуљеници во карикатурата, изложбата ја отвори в.д. директорката на Заводот и Музеј Охрид, Катерина Велковска
Ристевска.

Блаже Докуле е роден во 1953 година во Битола, каде што дипломирал право. Карикатури црта непрекинато од 1971 година. Негови карикатури се појавуваат во голем број публикации, како „Екран”, „Остен”, „Нова Македонија”, „Битолски весник” , „Студентски збор” , „Време” , „Јеж” и многу други.

Припаѓа на третата генерација македонски карикатуристи што се појавува околу 1970 година, генерација со силен нов бран во светот на домашната и светската карикатура.

 

 

Нова Македонија