АктуелноОхрид

(ФОТО) Пецaков и Мицкоски на Магаро, во друштво на искусните планинари Танески и Голабоски

Откако вчера се одржа протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за промени, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски денеска планинареше на Галичица. Мицкоски на врвот се искачи во друштво на  градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој е поранешен ракометар, а  сега редовно тренира крос фит. Покрај Пецаков со Мицкоски беа и  познатиот радио водител на Супер радио и искусен планинар Жанко ЗШ Голабоски и  планинарот кој ги искачил најпознатите светски врвови Мишко Танески.

Мицкоски  на социјалните мрежи објави фотографии од врвот Магаро на 2.255 метри надморска височина.

-Нашата Македонија која бара промени, народот кој ја делегитимираше Владата, и Македонија која е на нозе! Одиме до крај затоа што е премногу! Промени, напиша Мицкоски.

извор: Охрид 1

фото: Охрид 1