АктуелноОхрид

Во Св. Климент Охридски доделени Климентовите награди и прогласен Првенецот на генерација

Со пригодна свеченост денес во нашето училиште им беа доделени Климентовите награди на нашите ученици, а воедно беше прогласен и Првенец на генерација.
Според Правилникот на училиштето, оваа година наградата Првенец на генерација ја понесе ученикот Илија Волканоски.
Им ги честитиме наградите на нашите ученици и им посакуваме понатамошни креативни успеси и убедливи победи, се вели во објавата од основното училиште Св. Климент Охридски.

извор: ФБ Св. Климент Охридски