СДСМ во очај затоа што ја губат централната власт користат очајнички потези со политички октроирани судски пресуди преку партизираното обвинителство и судство.
Додека Крлеска-Деспотоска бега од медиуми и снима видеа пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, охриѓани се соочуваат со растечка инфлација и ценовни шокови, плаќаат повисока цена на струја, двојно повисока цена на колектор, поминаа 3000 дена од започнувањето на автопатот Кичево-Охрид, охридската болница остана без педијатри, затворениот базен никако да се изгради… И самата е свесна дека сите овие работи ја отсликуваат вистинската реалност на граѓаните преку стилот кој е својствен токму за СДСМ: сиромашен народ, потчинета држава, богата власт.
Дали е свесна дека зборува за незаконски поднесен предмет од страна на сега осудената со правосилна пресуда за рекет поранешната СЈО Катица Јанева?
Треба да се засрами затоа што е пиун на Ковачевски кој наместо да ги штити македонските државни и национални интереси со широка и цинична насмевка ги распродава.
Им порачуваме на СДСМ и Крлеска-Деспотоска дека ниту имотот, ниту пак зградата е ВМРО-ДПМНЕ, туку народот, каузата и идејата.
Народот масовно на 18 јуни ќе ја навести катастрофата на СДСМ и големата народна казна на предвремените парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид