петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Нарушен јавниот ред и мир во угостителски објект

На 06.06.2022 околу 18 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Јане Сандански“ во Охрид,  лице на (48) години  од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените а потоа и со физички напад извршен врз лице на (34)години , вработен во агенција за обезбедување.

Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Охрид