АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Владимир Бојанич е нов ракометар на ГРК Охрид

Одличниот пикер кој игра во два правци потпиша 2 (две) годишен договор со нашиот клуб.
👉Бојанич има 28 години, 204cm висок и 120kg тежок. Има богата кариера зад себе и е огромно засилување за сино-белиот тим. Доаѓа од шампионот на Турција, Бешикташ, а пред тоа настапуваше и во Партизан (Србија), Тримо Требње и Горење (Словенија) каде што има одлични настапи во ЕХФ Купот, како и за Војводина и Металопластика (Србија).
📢“Мило ми е што ќе бидам дел од овој проект, се надевам дека ќе ја оправдам довербата и дека ја оствариме нашата цел да реастеме од година во година, – изјави Бојанич.