АктуелноОхрид

Oдложено првото рочиште за случајот со родилката Веапоска поради отсуство на обвинетите

Одложено првото рочиште од судскиот процес против тројцата лекари, кои се товарат за несовесно лекување и вадење органи на родилката Јилдз Веапоска што денеска требаше да се одржи во Основниот суд во Струга. Рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетите.

Адвокатот на Веапоска Сашо Јанев вели дека колку и да се одлага предметот не може да се избега од фактот дека неговата клиентка е останата без три органи во Струшката болница.

„Може да одлагаат колку сакаат, но факт е дека судењето мора да почне. Се работи за кривично дело, несовесно лекување на болни и максималната казна е до пет години. Судот и обвинителството си ја знаат својата работа и очекуваме позитивен исход, односно оние кои го сториле кривичното дело да одговараат пред закаонот,“ изјави Јанев, по одлагањето на рочиштето.

Тој очекува да заврши две годишната агонија за неговата клиентка и оти ќе ја почитуваат одлуката на судот.

мкд.мк