сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Се свикува собир на граѓани во Велгошти, Вапила, Лескоец и Ливоишта

Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.

  • На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Велгошти, с Велгошти. Собирот ќе се одржи во основното училиште.
  • На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 19.:45 часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Вапила, с Вапила. Собирот ќе се одржи во основното училиште.
  • На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 20:00 часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Лескоец, с Лескоец.Собирот ќе се одржи во домот во с.Лескоец.
  • На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 20:15 часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Ливоишта, с Ливоишта. Собирот ќе се одржи во основното училиште.

На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница.

Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.

 

општина Охрид