АктуелноОхрид

Обвинителот од ОЈО Охрид, Воислав Димоски: Дури и за вработување на хигиеничар е предвидено лично интервју со кандидатите!

Владејачкото мнозинство го одби предлогот на опозицијата, предложените уставни судии сами да се претстават на Комисијата за избори и именувања. На денешната седница пратениците еден час дебатираа како да ја почнат расправата за предлозите за уставни судии, дали тоа да биде со јавно и лично презентирање или пак да одлучуваат според доставените биографии.

По ова се огласи Јавниот обвинител од ОЈО Охрид, Воислав Димоски, кој е меѓу деветте предложени кандидати за уставни судии. Тој на својот ФБ профил напиша:

-Дури и за вработување на хигиеничар е предвидено лично интервју со кандидатите! Мене не ме изненадува тенденцијата на владеачкото мозинство да го помине изборот на уставни судии под превезот на ноќта, бидејќи сличен на сличниот му се радува! Тоа е манирот во кој фунционира нашето правосудство, а овој избор само ја бетонира просечноста како носечка особина на кадрите во правосудството. Таквите кадри кога би се соочиле со светлината на јавноста, ќе изгорат како вампири во допир со сонце. Нема да знаат да бекнат, бидејќи кариерите ги поминаа во молчење и слушање наредби. Лесно ќе ги препознаете: доминантен орган на главата им се ушите! Устата не им се приметува ама ич!
Да имаше можност да се прашаат „истакнативе правници“ за кариерата, верувам дека ќе се потеа да објаснат како ги минале на пример сите истанци во Обвинителството, а при тоа не влегле в судница во улога на обвинител!
Еден од кандидативе на пример толку се плаши од светлината на јавноста што кога спроведуваше хајка против мене која наглено си ја викаа „дисциплинска постапка“ ќе онемеше кога побарав да се дозволи присуство на јавноста и медиумите на постапката! Нормално кога најдобро се снаоѓаат во мрак и тиња која им ги крие делата!
Засега толку, а наредно со нивните „ценети“ имиња и професионални „успеси“!
Мир всјем!

 

извор: ФБ Војо Димоски

фото: Архива